logo
logo
logo

УЖАС

ТЕЛОТО НА ПОЗНАТИОТ АКТЕР НАЈДЕНО ЗАКОПАНО ВО ДВОР! Полицијата објави вознемирувачко видео

Vecer | 26.05.2023

ТЕЛОТО НА ПОЗНАТИОТ АКТЕР НАЈДЕНО ЗАКОПАНО ВО ДВОР! Полицијата објави вознемирувачко видео

Бразилскиот актер Џеферсон Мачадо (44), кој исчезна пред речиси пет месеци, е пронајден закопан пред една куќа во Рио де Жанеиро.

Веста дека актерот бил пронајден мртов, ја објавил семеен пријател на неговиот профил на социјалните мрежи.

– Со големо жалење ве известуваме дека Џеф е пронајден мртов, напишала Синтија Хилсендегер во потресна објава.

Полицијата соопшти дека телото на актерот било пронајдено врзано и набиено во дрвена кутија, која потоа била закопана два метри под земја во дворот на приватна куќа во населбата Кампо Гранде. Тој е идентификуван врз основа на неговите отпечатоци од прстите.

 

 

– Рацете му беа врзани зад главата, рекол семејниот адвокат и нагласил дека на актерот му била обвиткана жица околу вратот, што укажува дека најверојатно е задавен.

Адвокатот додалдека телото било испрскано со некоја хемикалија за да не се почувствува непријатниот мирис на распаѓање.

На снимката се гледа дека ковчегот бил ископан и извлечен од тим од девет луѓе, кои прво морале да го скршат бетонскиот под со дупчалка.

Полицијата во Бразил трага по маж кој го изнајмил имотот. Неидентификуваниот осомничен, кој наводно го познавал Мачадо, последен пат бил виден како влегува во куќата пред околу еден месец.

– Џеферсон е ладно и брутално убиен од завидливи и зли луѓе, напиша Хилсендегер на Инстаграм-профилот на актерот.

Откривањето на телото го означува крајот на сагата што започна откако Мачадо, роден во Рио, исчезна во јануари, а полицијата соопшти дека последен пат бил виден во Кампо Гранде.

Семејството на Мачадо дознало за неговото исчезнување дури откако една невладина организација ги известила дека неговите осум кучиња се сами во куќата со денови. Меѓутоа, во текот на следните месеци, семејството примило пораки од некој за кој се сомневале дека го глуми актерот.

Мајката на Мачадо, Марија дас Дорес, рекла дека преписката ѝ била сомнителна бидејќи била полна со правописни грешки и не изгледала како да се допишува со нејзиниот син. Таа, исто така, престанала да добива повици од него, а лицето кое се претставило како Мачадо објаснило дека телефонот му паднал во тоалетот.

Семејството станало сè позагрижено откако забележало дека лозинката на облакот на Мачадо е сменета и неговото следење локација е оневозможено.

Мачадо почнал да глуми во 1997 година и е познат по улогите во сапуници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk