logo
logo
logo

Тело како на Џеј Ло: Можно е со оваа исхрана

Vecer | 26.07.2021

Тело како на Џеј Ло: Можно е со оваа исхрана

Џенифер Лопез има 52 години и е во совршена кондиција.

Некои од луѓето ќе кажат дека нејзе ѝ е лесно да биде згодна и затегната поради тоа што има огромно богатство и цел тим луѓе кој работи за неа.

Тоа секако дека е точно, но не треба да се заборави дека за добриот изглед потребни се повеќе работи од третманите за убавина и дека тој не може да се постигне само со седење дома.

Џенифер Лопез е позната како ѕвезда која од првиот ден од својата кариера не го сменила личниот опис ниту пак претерувала со естетските зафати.

За да може да го изведе тоа што го прикажува на сцена, Лопез поминува многу време во теретана, напорно вежбајќи. Интензивната физичка активност го следи и нејзиниот режим на исхрана.

- На чинијата секогаш доминира органски зеленчук, како брокули, кељ и спанаќ.

- Јаде помалку термички обработена храна, најчесто свежа за да може да се сочуваат сите хранливи состојки.

- Избегнува јаглехидрати, а исклучок се компирот, кафеавиот ориз и овесната каша.

- Најмногу енергија добива од протеините, најчесто од бело мисиркино месо, пилешки гради, говедско месо и риба.

- Јаде многу јаткасти плодови.

- Избегнува вештачки шеќер и индустриски производи.

- Внесува минимум седум чаши вода дневно.

- Пие само бескофеинско кафе.

- Не пие алкохол.

- Секогаш со себе носи ужина од овошје или зеленчук, како и протеински шејк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk