logo
logo
logo

ТАЈНИТЕ ЗА ПРИНЦОТ ФИЛИП: Што кралското семејство криело од јавноста

Vecer | 30.09.2021

ТАЈНИТЕ ЗА ПРИНЦОТ ФИЛИП: Што кралското семејство криело од јавноста

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, покојниот принц Филип, не го освои лесно своето место во кралското семејство, и во неколку наврати им донесе голема неволја.

Новинар од „Дејли мејл“ повторно се потсети на скандалозните детали од неговиот живот, во серијата текстови што деновиве предизвикуваат голема бура во Велика Британија. Авторот особено се осврна на поврзаноста на кралското семејство со безбедносните служби.

Кога Филип од Данска и Грција стана додворувач на младата принцеза Елизабета Втора, нејзиниот татко, ангажирал шпиони за да дознае се за него и за неговото минато.

Бил извршен дискретен надзор во кој кралот добил увид во приватниот живот на неговиот иден зет, па, меѓу другото, дознал дека не е премногу уреден и дека ужива во алкохол.

Во меѓувреме, приватниот детектив на Елизабета го предупредил кралот дека принцот Филип нема да биде верен на својата ќерка, а личниот детектив на кралот Томи Ласкелес се согласил, кој го сметал за необразован.

Обвинувањата дека принцот Филип бил симпатизер на нацистичката партија биле многу посериозна пречка за започнување на оваа врска, па дури имало и фотографии кои го докажуваат тоа, поради што таткото на кралицата Елизабета веќе не бил подготвен да го прифати во неговото семејство. Неговата сопруга, кралицата мајка, исто така, се обидела да ја поврзе Елизабета со други многу посоодветни ергени, според нивното мислење.

И иако наводната поврзаност на Филип со нацистите изгледала прилично алармантна, кралското семејство се грижело повеќе за неговите социјалистички аспирации во младоста, што всушност биле контрадикторни едни со други.

Меѓутоа, со текот на времето, кралското семејство го прифатило Филип и го добило својот благослов да се ожени со Елизабета. Свадбата била закажана за ноември 1947 година.

Во брак со Елизабета првите десет години, се појавиле нови вознемирувачки сомнежи за однесувањето на Филип. Во 1956 година, палатата била принудена да издаде соопштение во кое негирала дека нивниот брак е на разнишана почва, откако Филип бил на долга и соло турнеја во Мелбурн, каде ги отворил и Олимписките игри.

Исто така, се зборувало дека тој бил на турнеја низ клубовите во Лондон со својот коњушар  Мајк Паркер, што, освен што ја засрамил сопругата и кралското семејство, ризикувал да стане цел на советски уцени.

Имено, Филип бил член на Клубот кој се состанувал секоја недела на раскошни вечери во лондонскиот Сохо, кои траеле до раните утрински часови. Сето ова се чувало во строга тајност.

Уметникот по име Вард тврдеше дека има фотографии на кои принцот позира опкружен со девојки. Информациите и материјалите што ги имал, вклучително и фотографиите на Филип, требало да бидат средство за уцена, но на крајот тоа не се случило.

Во јуни 1963 година, ФБИ објави дека Филип е вмешан во аферата Профумо, но тие не открија како точно, и се шпекулира дека кралицата Елизабета тајно го купила неговиот портрет насликан од Вард и фотографии, така што имало што помалку докази за неговиот развратен живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk