logo
logo
logo

ТАЈНАТА НАЈСТАРИОТ РЕСТОРАН во светот кој се уште работи (ВИДЕО)

Vecer | 02.12.2022

ТАЈНАТА НАЈСТАРИОТ РЕСТОРАН во светот кој се уште работи (ВИДЕО)

Ресторанот Ботин во Мадрид е основан во далечната 1725 година и е наведен во Гинисовата книга на рекорди како најстар ресторан во светот кој се уште работи.

Авторите на YouTube каналот Great Big Story го посетија ресторанот Ботин за да се обидат да откријат некои од тајните на неговата долговечност. Една од најуникатните карактеристики на ресторанот е печката која е во континуирана работа речиси 300 години.

„Тоа е нашиот скапоцен камен. Нашиот скапоцен камен на круната“, рече заменик директорот на Ботин - Луис Хавиер Санчез, кој работи во ресторанот речиси целиот свој живот, повеќе од 45 години.

„Никогаш не ја исклучуваме. Мора да биде жешко навечер и подготвена за печење наутро. Затоа никогаш не смееме да ја исклучуваме. Има посебна арома, навистина е неверојатно", објасни тој.

Подеднакво е неверојатно колку ресторанот е посветен на одржување на храната што ја служи. Иако Санчез на некој начин ја опишува винарската визба како „историја на дишење“, храната има за цел да има вкус на историјата, при што секој готвач учи од својот претходник и потоа ги пренесува рецептите на следната генерација.

„Нашите рецепти се многу стари, бидејќи нашите предци го основаа ресторанот“, додаде тој, „и оттогаш останавме верни на тие рецепти“.

https://youtu.be/c24xTGTaTNI

Но, ресторанот „Ботин“ не е целосно „заглавен“ во минатото – има веб-страница и сите потребни профили на социјалните мрежи, пишува магазинот Food and Vine.

Исто така, има присуство на страницата на TripAdvisor каде што луѓето можат да оставаат критики како духовити потсмевови: „Ех, слушнав дека ова место го достигна својот врв во 1831 година“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk