logo
logo
logo

ТАЈНА ОД ДВОРЕЦОТ: Чарлс пред Дајана запросил далечна роднина, но бил одбиен

Vecer | 19.05.2021

ТАЈНА ОД ДВОРЕЦОТ: Чарлс пред Дајана запросил далечна роднина, но бил одбиен

Љубовниот живот на принцот Чарлс главно  беше експониран за јавноста, па неговиот брак со Лејди Ди со години беше главна тема на светските медиуми, па сите знаеја за нивните среќни, но и драматични и тешки моменти.

Една интересна работа во врска со емотивниот живот на престолонаследникот останува добро скриена со години. Пред да започне да и се додворува на Дијана Спенсер, Чарлс бил одбиен за друг брак.

Станува збор за околу девет години помладата Аманда Кнечбул, која дури беше и негова далечна роднина, а монархијата ја сметаше за совршена кандидатка за брак. Сепак, Аманда не била заинтересирана за овој брак.

Оваа приказна за љубовниот крах на принцот Чарлс беше објавена во документарниот филм „Кралската куќа Виндзор“ на Канал 4. Во документарецот се вели и дека дедото на Аманда, лорд Монтбатен, инаку прадедо на Чарлс, исто така инсистирал на оваа врска.

Таму се вели дека тој тајно работел со години за да ја направи Аманда идна кралица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 👑 (@royalsaddicted)

Синот на кралицата Елизабета Втора ја запроси својата далечна братучетка во 1977 година за време на празнично патување на Карибите ... Иако се чинеше дека нивното заедништво, но таа рече не. Информирани извори тврдат дека Аманда и Чарлс биле многу блиски, но и дека нивната врска била повеќе брат и сестра.

Набргу откако пропадна обидот на принцот да влезе во брачните води, тој започна да и се додворува на Лејди Дајана Спенсер, за која на крајот се ожени во 1981 година. Во 1987 година, Аманда се омажи за романсиерот Чарлс Винсент Елингворт, со кого има три деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk