logo
logo
logo

Тајна на цвеќарите – Како да ја одржите вашата орхидеја здрава?

Vecer | 02.10.2023

Тајна на цвеќарите – Како да ја одржите вашата орхидеја здрава?

 Порано се одгледувале исклучиво во оранжериите на кралските семејства и благородниците бидејќи биле исклучително скапи. За популарноста на ова цвеќе говори и информацијата дека постојат повеќе од 25.000 видови орхидеи, што е четири пати повеќе од бројот на цицачи на нашата планета.

И орхидеите имаат свој ден, 16=ти април, кога сè е во знакот на ова цвеќе.

Тајната на цвеќарите

Орхидеите го населиле речиси секое живеалиште на планетата, освен поларните региони. Ги има и во некои пустини, планини и тропски шуми.

Цветовите на орхидејата се совршено симетрични и можат да бидат во широк спектар на бои од бела, циклама, нежно розова до портокалова и жолта. Во просек, орхидејата цвета два до три пати годишно. Овој цвет сака светлина, но не и директна изложеност на сонце, тие се комплицирани за одржување, бидејќи бараат умерена количина на влага. Ако премногу ги наводнувате, тоа може да ги оштети нежните ливчиња на цветот. Се полева со многу малку вода два пати неделно, а во зима, во периодот на мирување, доволно е орхидејата да се полева еднаш неделно, и тоа задолжително со отстоена вода.

Како што истакнуваат цвеќарите кои се одлични познавачи на овие цвеќиња, постои трик што може вашите орхидеи да ги зајакне и да направи да цветаат како луди. Тајната е во полевањето на ова цвеќе со зелен чај наместо со отстоена вода. Важно е чајот да не биде приготвен многу јак. Секој ден полевајте го ова цвеќе со најмногу две лажици од овој чај, а потоа направете пауза за викенд. На овој начин се балансира почвата, особено почвата која е премногу кисела. Зелениот чај можете да го користите и за наводнување на рози, кои обично растат во кисела почва.

Долгогодишно растение

На орхидеите им се потребни пет до седум години за да процветаат по никнувањето, па затоа растенијата што се продаваат во цвеќарниците се стари неколку години. Овие цвеќиња се исклучително долготрајни и со соодветна нега можат да живеат 100 години.

Има две фази на развој: првата е фаза на интензивен раст, кога се развиваат коренот, стеблото и листот. Тогаш им е потребна интензивна нега. Потоа следи фаза на мирување без цветање, која во зависност од видот може да трае од неколку недели до неколку месеци. Фазата на мирување е од есен до пролет и тогаш имаат минимални потреби.

Освен тоа, орхидеите се заслужни за вкусот и мирисот на ванилата. Станува збор за ванила орхидеја која е слична на виновата лоза. Цветот на ванила орхидејата трае само 24 часа, а самото растение цвета еднаш до двапати месечно. За да се развие плодот или мешунката, потребно е колибри или посебен вид пчела да го опрашат растението, но бидејќи цветовите се отворени само еден ден, опрашувањето денес се врши рачно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk