Алан Мелинек (85) од Англија, ги освои срцата на луѓето ширум светот кога започна да објавува снимки на кои свири пијано на социјалната мрежа ТикТок – во чест на неговата покојна сопруга.

Алан и неговата сопруга Пат се запознале во џез-клуб, и двајцата биле големи љубители на музиката. Пред петнаесет години, таа љубовна приказна беше прекината. Пат почина од рак на јајници во 2006 година, а Алан потоа започна да собира пари за истражување на ракот, добротворна организација која истражува и ја подигнува свеста за тоа, организирајќи концерти еднаш месечно.

@pianograndad#chopin #mozart #lizst #beethoven #classical #grandad #piano #pianist #fyp #foryou #talent #foryoupage #grandpa♬ original sound – Alan M

Бидејќи беше спречен да продолжи со концерти во живо поради пандемијата, неговата внука Бела предложи да ги покаже своите вештини и талентот на социјалната мрежа ТикТок, а со тоа и да се создаде профилот „Пијано Гранданд“, односно „Дедо пијанист“

Покрај ТикТок, Алан објавува и видеа на платформата ЈуТјуб.

– Моите мелодии станаа популарни и јас сум презадоволен. Бев воодушевен што луѓето сакаат да ми помогнат да соберам што повеќе пари за хуманитарна организација што многу ми значи – рече Алан, кого го следат повеќе од 25.000 луѓе на „ТикТок“.

Внуката Бела (22) е многу горда на својот дедо и вели дека сакала да стане славен, бидејќи неговиот талент е неверојатен.

@pianograndadAnyone recognise this? #chopin #mozart #classical #grandad #piano #pianist #fyp #foryou #talent #foryoupage #sonata

♬ original sound – Alan M