logo
logo
logo

Светот збунет од глетка на Google Maps: „Дали е ова огромна врата на Антарктикот?

Vecer | 23.10.2024

Светот збунет од глетка на Google Maps: „Дали е ова огромна врата на Антарктикот?

Фотката е од оддалечен дел од Антарктикот лоциран југоисточно од станицата Шоа, истражувачка станица на островот Источен Онгул во земјата  на Кралицата Мод,на Антарктик.

 Изградена во 1957 година, станицата Шоа е именувана по периодот во јапонскиот календар во кој е основана, периодот Шова.

На фотографијата луѓето забележале нешто за кое велат дека изгледа како огромна врата. „Одлично откритие. Ова може да биде влез во некоја подземна база. Може да биде ништо. Одлично откритие во секој случај“, напиша еден корисник на Редит. „Тоа е веројатно влезот во куќата на одвратниот снешко што демне во близина“, се пошегуваа другите.

И покрај многуте шпекулации, професорот по глациологија на Универзитетот во Њукасл, Бетан Дејвис, даде многу поразумно објаснување.

„Ова е во област со морски мраз на источен Антарктик, веднаш до брегот. Има голем број острови таму и водата е прилично плитка. Ова е санта мраз која се насукала и се заглавила и сега се топи. Може да се видат и многу други ледени брегови во областа“, објаснила професорката Дејвис за Daily Mail.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk