Пред смртта Султан Сулејман ги повикал своите први и најблиски везири и им ги издиктирал своите три последни желби.
Сулејман, наречен Величествен, а познат како Канун бил османски султан. Роден 7 ноември 1494 година во Трапензунт (денешен Трабзон) на брегот на Црно море како и син на султанот Селим I и неговата жена Хафсе.
Тој бил доста образуван владар и зборувал четири јазици: арапски, персиски, српски и чагатајски (стар облик на турскиот јазик)
Со 26 години дошол на власт, неговото владеење траело 46 години, се до смртта.
Кога стапил на престол, еден современик рекол дека “Европа нема за што да се грижи, бидејќи крволочниот лав (султан Селим) го наследи кротко јагне (Сулејман)“.
Меѓутоа оваа констатација се докажала како неточна, бидејќи Сулејман не само што го зацврстил царството, туку со бројните воени походи кој самиот ги предводел, ја проширил Отоманската империја на три континенти.
Имал осум синови и две ќерки. Негова голема љубов била Хурем, кој сам и го дал името (Хурем во превод значи веселе, ведра).
Пред смртта Султан Сулејман ги повикал своите најблиски везири и им ги издиктирал своите последни три желби:
- Првата негова желба била неговите исцелители да го носат ковчегот со неговите остатци за време на погребот.
- Втората желба му била златниците и скапоцените камења да останат позади поворката по патеката по која поминале неговите посмртни остатки.
- Третата желба била од сандакот да му вират рацете, и тоа така да ги видат сите, дека на оној свет ништо не се носи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата