logo
logo
logo

ОН: Албанија се соочува со демографско стареење

Vecer | 15.04.2025

ОН: Албанија се соочува со демографско стареење

Во последниот извештај на ОН за наталитет, Албанија е посочена како една од земјите со најголем пад на раѓања.

-Проекциите на ОН предвидуваат дека раѓањата ќе се намалат на 6.000 од сегашните 23.000. Намалувањето се очекува да биде драстично во првите 10 години, односно до 2035 година, кога раѓањата ќе се намалат на 15 илјади, достигнувајќи 10 илјади годишно во 2045 година, објавија албанските медиуми.

Според ОН, постојат два главни фактори зад падот на наталитетот: емиграцијата и стареењето на населението.

-Меѓународната миграција индиректно влијае на бројот на раѓања во земјите на дестинација и во земјите на потекло. Во земји и области како Албанија, Ерменија, Гвадалупе или Јамајка, емиграцијата на голем број жени во репродуктивна возраст го намалува бројот на раѓања што се случува во тие земји, стои во извештајот.

Албанија не е единствената која се очекува да се соочи со овој феномен, бидејќи проекциите за намалување на наталитетот го погодуваат целиот балкански регион. Драстични намалувања се предвидуваат и во Македонија и Црна Гора.

Поради големиот број раѓања во текот на една година, Србија ќе биде земјата која ќе почувствува најмалку пад на наталитетот, каде што моментно бележи 53 илјади раѓања годишно. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk