logo
logo
logo

Стружанецот Ангеле Илоски ќе трча од Струга до Охрид за поддршка на лицата со ретки болести

Vecer | 28.02.2024

Стружанецот Ангеле Илоски ќе трча од Струга до Охрид за поддршка на лицата со ретки болести

Љубовта кон спортот реши да ја искористи за да искаже почит и поддршка за овие лица и нивните семејства со претрчување на рутата од хотелот „Боград“ во Струга, до охридскиот хотел „Су“.

Четиринаесет километарската рута, очекува да трае околу два часа. Вели дека нема да му биде многу тешка, затоа што трчањето е активност што секојдневно ја практикува, а на денот посветен на ретките болести ќе има посебна инспирација која ќе го однесе до целта.

- Идејата беше лично моја. Штом се работи за хумани иницијативи веднаш се сетив на тимот на хотел ,,Боград“, ги исконтактирав и веднаш се согласија да ме поддржат. Рутата ќе трае околу два часа. Мислам дека нема да ми биде многу тешко. Трчањето е моја култура на живеење, а сега имам дополнителен мотив. Мислам дека секој човек може да најде начин да се обиде да ја разбуди свеста за сите предизвици и потешкотии со кои се соочуваат ретките болести и нивните семејства, изјави Илоски.

Во овој хуманитарен подвиг на велосипед ќе го придружува Дејан Наумоски, а ќе ги следи и цел тим до крајната дестинација. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk