logo
logo
logo

Како да ја вратите СТРАСТА ВО ОДНОСИТЕ СО ПАРТНЕРОТ

Vecer | 06.02.2021

Како да ја вратите СТРАСТА ВО ОДНОСИТЕ СО ПАРТНЕРОТ

Многу парови нема да признаат дека паднале во рутина во нивниот сексуален живот, а можеби дури и не знаат дека имаат проблем со страста.

Јасно е дека односите со партнерот се многу важни за здрава врска, па ако имате најмало сомневање дека нешто не е во ред во кревет и дека повеќе нема страст, обидете се да го промените тоа.

И двајцата иницирајте секс

Ако само еден од партнерите иницира, тоа не е добро затоа што ќе се чувствува несакано. Повеќето луѓе сакаат нивните партнери подеднакво да се иницијатори, што им дава на знаење дека нивниот партнер сè уште ги сака. Нагласете гласно и јасно дека сакате да воспоставите рамнотежа.

Разговор после секс

Ако во просторијата владее тишина по дејството во кревет и се чувствувате оддалечени од партнерот, тоа е знак дека не сте отворени еден со друг. Сексот ги зближува паровите, па затоа е препорачливо да размените неколку зборови и да го пофалите вашиот партнер за феноменалното задоволство што ви го пружил.

Не правете ги истите работи

Кога паровите ќе откријат што најмногу сакаат во кревет, тие се држат до тоа по секоја цена, поради што страста и експериментите често исчезнуваат. Бидете отворени за нови нешта. На тој начин, ќе научите што најдобро ви одговара.

Преземете заедничка одговорност

За да бидат задоволни со својот сексуален живот, двајцата партнери мора да чувствуваат заедничка одговорност. На пример, ако некој не може да достигне кулминација, ако некој од партнерите чувствува болка или не е задоволен, тоа е проблем и на двајцата. Не е паметно да ја префрлите вината на друг, туку да работите заедно за да го решите проблемот.

Слушајте ги желбите на вашиот партнер

Дека не сте целосно сексуално компатибилни, може да се види во она што го очекувате од сексот. Можно е едниот партнер да очекува страст и ослободување од стресот од сексот, додека другата личност ја гледа поентата на сексот во емоционалното зближување и поврзаност. Обидете се да ги балансирате очекувањата и да се задоволувате едни со други.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk