logo
logo
logo

Сторија за Амир Дестанов - кога тешкиот живот не е пречка да се остварат соништата

Vecer | 16.05.2022

Сторија за Амир Дестанов - кога тешкиот живот не е пречка да се остварат соништата

Амир живее со неговата тетка и нејзините девет деца. Во скоромни услови, но секогаш редовен на училиште и со желба да биде добар математичар и да биде иден инженер.

„Многу сакам да учам математика и ете постигнав нешто, навистина сум среќен заради тоа“, вели Амир. 

Судбината во животот го оставила без родителите, нема лесно детство и посебна соба за учење и услови кои ги има секое дете кое оди во училиште. Семејството едвај сврзува ден со ден и со храна и со пари за сметки. Но, за него е најдобро што неговата тетка сака тој да учи да биде математичар.

„Им помагам на моите братучеди кога пишуваат математика“, расположено расакажува Амир. 

Целото училиште се горедее со него, потребно им е помош и на семејството каде живее со цел да може да продолжи и во средно образование. Многу често Амир учи и на свеќа.

„многумина по објавувањето на сторијата се јавија да му помогнат на Амир со цел детето да има подобри услови за учење“, вели директорот на училиштето Алвин Салимовски. 

Неговата наставничка по математика вели дека и покрај тоа што Амир во пандемијата учел од книги, бидејќи често во домот нема струја и не можел да се вклучи он-лајн, одлично продолжил со математиката. Бранка наставничката по матемитка вели дека работи и дополнително.

На натпреварот учестувале вкупно 18 деца од ова училиште.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk