logo
logo
logo

Стан на ужасот во Тексас: Пронашле три напуштени деца, а покрај нив скелет на мртво момче

Vecer | 25.10.2021

Стан на ужасот во Тексас: Пронашле три напуштени деца, а покрај нив скелет на мртво момче

Полицијата во Тексас пронашла три напуштени деца во неделата во стан во кој имало и скелет на дете.

Страшна глетка е затекната во стан во предградие на Хјустон, а во станот имало деца на возраст од седум, 10 и 15 години. Според  Sky News, најстарото момче изјавило дека скелетот е неговиот брат кој имал девет години и дека починал пред една година.

Наводно изјавил и дека неговите родители не биле со нив неколку месеци, пренесува  Sky News.

Шерифот Ед Гонзалес изјави дека сцената во станот му го скршила срцето и дека децата живееле во ужасни услови. Полицијата извести дека останките што ги пронашле во станот одговараат на возраста на детето од сведочењето на 15-годишникот.

Полицијата во меѓувреме ги пронашла мајката на децата и нејзиното момче и ги испитува за можно убиство.

Како што пренесува NBC, децата биле пронајдени при преглед од центарот за социјална заштита, а шерифот Гонзалес рекол дека тие биле во станот веројатно месеци, а можеби и една година.

„Не бев информиран дека се затворени, но на таа возраст изгледа дека се бореле секој за себе“, рече тој. Тој вели и дека биле неухранети и имале траги од повреди. Децата се пренесени на лекување во болница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk