logo
logo
logo

Среде шума нашол темни скалила, се симнал надолу и се шокирал (ВИДЕО)

Vecer | 24.10.2024

Среде шума нашол темни скалила, се симнал надолу и се шокирал (ВИДЕО)

Во видеото кое е прегледано повеќе од 18 милиони пати, тој наведува дека „шетал“ кога налетал на мистериозен влез.

 „Ова е дефинитивно едно од најморничавите напуштени места што сум ги видел“, рекол младиот човек.

Кадарот започнува од темни, зараснати скали, а потоа го гледаме Џош како влегува во подземен лавиринт од долги, тесни ходници.

Се нашол во неосветлен простор, па морал да користи светилка, што дополнително го зголемило чувството на морничавост, пренесува Mirror.

Друго скалило го одвело уште подлабоко под земја.

„Наскоро стигнав до огромна метална врата. Зад неа најдов уште пострашна сцена“, рекол младиот човек, а на ѕидот за момент можеме да видиме отпечатоци од чевли!

Тунелите се разграниле, но биле потопени, па тој не можел да оди понатаму. Младиот човек немал поим каде се наоѓа.

„Немам поим за што беше овој подземен објект“, додаде тој.

По извесно време нашол мала зелена врата, а зад неа имало соби со остатоци од неидентификувани 'рѓосани предмети.

„Потоа најдов нешто што можам да го препознаам. Тоа беа тоалети. Конечно стигнав до крајот на тунелот, каде што се наоѓаа неколку мали соби. Немаше ништо внатре, освен полица за книги“, откри тој.

Решил да излезе на површината и да ја заврши својата авантура без да го проучи потеклото на предметите. Од друга страна, корисниците на TikTok се обиделе да ја решат мистеријата.

@joshtheintern I was not meant to find this place! 😱 While hiking through a forest I came across this overgrown entrance that led underground. Heading inside to explore it I found myself in a maze of long tunnels and secret rooms! This is definitely one of the creepiest abandoned places I have explored! #abandonedplaces #abandoned #urbex #exploring #creepy ♬ Creepy and simple horror background music(1070744) - howlingindicator

„Веројатно најдовте стар бункер или место за набљудување“, напишало едно лице.

„Можеби е подземна болница од времето на војната“, додаде друг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk