logo
logo
logo

Спијте во СТУДЕНА соба, ПОЗДРАВО Е!

Vecer | 24.10.2021

Спијте во СТУДЕНА соба, ПОЗДРАВО Е!

Температурата од 18 степени Целзиусови може да значи разлика помеѓу лошиот и мирниот сон, напоменуваат експертите.

„Се препорачува спалната соба да има температура од 18 степени, но таа температура за многумина е премногу студена. Најдобро е да се концентрирате на тоа собата во која спиете секако да биде постудена од остатокот од домот“, советува експертот за сон, Џејмс Вилсон.

Спиењето во постудена соба помага да останеме свежи и да изгледаме помлади. Исто така, пониската температура го стимулира производството на мелатонин, кој се нарекува и телесен хормон за спиење. Тој е и антиоксидант, што значи дека служи како хормон против стареењето на телото.

Спиењето во постудена просторија може да помогне и во спречувањето на несоницата. Студиите истакнуваат дека неколку форми на несоница се всушност поврзани со повисоките телесни температури. Многу луѓе со несоница имаат тешкотии да ја регулираат телесната температура, ограничувајќи ја способноста за губење на топлината. Повисоките температури значат дека телото ослободува повеќе хормон на стресот – кортизол. Постудената просторија помага во одржувањето на нивото на кортизол, што значи помал стрес и подобар квалитет на сонот.

Спиењето во ладна соба може да ги намали и шансите за развој на метаболички заболувања, како што е дијабетесот. Исто така, го подобрува нивото на хормонот за раст, кој помага во спречувањето на срцеви болести, депресија и дебелина. Зголемениот мелатонин го намалува и ризикот од Алцхајмерова болест.

Една од предностите на спиењето во постудена соба е тоа што спречува габични инфекции. Спиењето во ладна соба може да има смирувачки ефект, што може да помогне во борбата против болките и воспаленијата, кои инаку би можеле да го прекинат сонот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk