logo
logo
logo

СПИЕЛА 9 ДЕНА! Синдромот на „заспана убавица“ сепак постои (ВИДЕО)

Vecer | 15.04.2021

СПИЕЛА 9 ДЕНА! Синдромот на „заспана убавица“ сепак постои (ВИДЕО)

Синдромот на „Заспаната убавица“ е чуден и редок, но навистина постои.  Постои девојка која речиси постојано спие и чија „состојба“ се уште не може да се излечи.

Ова девојче за кое светот дозна пред неколку години сега веќе наполни 17 години и живее во Индонезија. Понекогаш спие повеќе од 13-14 часа, а понекогаш со денови.

Минатата недела нејзината состојба се влоши и спиела без престан повеќе од една недела.

Родителите ја однеле во болница, но анализите покажале дека сè е во ред со неа. Тинејџерката се разбудила по вкупно девет дена минати спиењејќи, а лекарите тврдат дека таа е сè уште слаба.

Никој навистина не знае што ги предизвикува проблемите, но симптомите сугерираат дека таа страда од хеперсомнија, исклучително ретка невролошка состојба поради која пациентите чувствуваат прекумерна поспаност во текот на денот и спијат подолго од просекот.

Хиперсомнија се јавува во неколку форми и има многу причини, од невролошки оштетувања, до генетика и физичка и емоционална траума.

Таткото изјави дека се обидел да ја разбуди својата ќерка неколку пати, но без успех. Но, најбизарно од сите е што девојчето наводно џвака и голта храна во сон кога семејството ја храни, и станува немирно кога треба да оди во тоалет.

Т.н. Синдромот „Заспана убавица“ во моментов е неизлечив, но родителите на оваа тинејџерка се надеваат дека нејзините симптоми може барем да се ублажат за да може да ужива во повеќе или помалку нормален живот.

Иако состојбата е исцрпувачка, таа е прилично безопасна во споредба со состојбата на американскиот тинејџер Шарик Товар, кој понекогаш спие два месеци без престан

https://youtu.be/zP6edZaCFhs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk