logo
logo
logo

Сопственикот на Амазон, милијардерот Џеф Безос се подготвува за брак со Лорен Санчез!!

Vecer | 10.03.2025

Сопственикот на Амазон, милијардерот Џеф Безос се подготвува за брак со Лорен Санчез!!

Како што пренесуваат странските медиуми, Безос ја планира својата венчавка со атрактивната Лорен за летово.

Иако претходно се шпекулираше дека ќе се венчаат оваа зима во Аспен, самиот основач на „Amazon“ демантираше се без да открие кога всушност ќе се одржи венчавката.

Извор за „DailyMail“ открил дека целата венчавка е веќе испланирана, поканите се испратени и невестата веќе ја одбрала својата венчаница.

Многумина веруваат дека венчавката ќе биде некаде во Европа, бидејќи Безос и неговата Лорен често пловат во Средоземното Море.

Како што откри за магазинот „Вог“ во 2023 година, Санчез планира да го земе презимето Безос, што ја прави многу среќна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk