logo
logo
logo

Сопругата на катарскиот шеик уште еднаш докажа дека е МОДНА ИКОНА: Се појави на трибините и одржа СТИЛСКА ЛЕКЦИЈА

Vecer | 28.11.2022

Сопругата на катарскиот шеик уште еднаш докажа дека е МОДНА ИКОНА: Се појави на трибините и одржа СТИЛСКА ЛЕКЦИЈА

Сопругата на катарскиот шеик Хамад Халиф ал Тани со секое појавување на Светското првенство во фудбал воодушевува со модниот избор

Шејха Моза бинт Насер важи за една од најубавите жени во Емиратите, и тоа со добра причина. Оваа убавица има 63 години, мајка е на седум деца, баба на неколку внуци, сопруга на емирот на Катар и жена која е вистински пример за елеганција и стил.

Тоа уште еднаш го докажа кога се појави на мечот Гана Португалија што се одигра на Светското првенство во Катар. Моза често го комбинира традиционалниот стил со модерниот, а она што го носеше кога се појави на стадионот во четвртокот го дизајнираше самата, а катарскиот бренд Jabador се обиде да ја претвори нејзината идеја во совршена модна комбинација.

 

 

Таа уште еднаш ги воодушеви сите кога се појави на уште јавен настан, а за таа прилика искомбинирала две бледи сини и уште еднаш покажа зошто е кралица на гламурот и стилот. Едноставен фустан во дамски стил совршено комбиниран со раскошна наметка.

Инаку, за стилот на првата дама на Катар пишуваше и познатиот „Вог“, кој ја вброи во петте најдобро облечени жени во светот. „Vanity Fair“ ја прогласи за најдобро облечена дама со сина крв, а за Џулиен Мекдоналд таа е втората Џеки Кенеди.

Некои извори тврдат дека во нејзината резиденција се крие вистинско модно богатство.

Во галеријата во продолжение дел од нејзините изданија со кои го воодушеви светот:

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk