logo
logo
logo

Соборен светски рекорд за најголемиот рок бенд во живо, учествувале 1.200 музичари

Vecer | 25.05.2025

Соборен светски рекорд за најголемиот рок бенд во живо, учествувале 1.200 музичари

Олаф Кученбекер од медиумската компанија „Rekord-Institut fur Deutschland“ рече дека 1.231 луѓе се придружиле синоќа на шоуто на стадионот Форест во Франкфурт, наречен „Гранд Џем“.

„Тоа значи дека претходниот светски рекорд од 2023 година од Виена со 1.112 учесници е соборен и сега е постигнат во Франкфурт“, рече Кученбекер.

Музичарите одговорија на поканата да учествуваат во обидот да се собори рекордот на стадионот. Тие дојдоа во Франкфурт со широк спектар на инструменти - од тапани до електрични гитари.

На листата на настапи се најдоа хитовите на американската пејачка Тина Тарнер, германскиот бенд „Die Toten Hosen“ и ирските рокери „U2“.

Бендот го започна концертот со песната „Let Me Entertain You“ на Роби Вилијамс. Настапот го надмина претходниот рекорд, поставен во Виена кога 1.112 луѓе заедно свиреа песна на Металика на фестивал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk