logo
logo
logo

Со убавината го освои кралот на рокот, па си го УНИШТИ ЛИЦЕТО: По неговата смрт станала дел од МОРБИДЕН КУЛТ!

Vecer | 25.05.2022

Со убавината го освои кралот на рокот, па си го УНИШТИ ЛИЦЕТО: По неговата смрт станала дел од МОРБИДЕН КУЛТ!

Актерката и претприемач Присила Присли, позната и како вдовица на кралот на рокот Елвис Присли, денеска наполни 76 години. Присила не престанува да ги шокира фановите со своето појавување во јавноста, пред се, поради естетските операции кои оставиле трага на нејзиното лице.

Присила неодамна беше видена на Мет Гала, а многумина го коментираа нејзиното деформирано лице.

Преголемиот број на естетски операции, особено по третманот на аргентинскиот лекар Серано, кој наместо ботокс и вбризгал индустриски силикон, ја доведоа до сосема поинаков изглед. После тоа, таа наводно се откажала од какви било процедури за подмладување, но последиците се многу видливи.

 

 

 

Присила имала само 14 години кога го запознала Елвис, додека тој бил 10 години постар. Двојката се венча во 1967 година, а следната година ја добија ќерката Лиза Мари.

Сепак, се разведоа во 1973 година. Музичарот почина во 1977 година на 42-годишна возраст, а Присила во документарниот филм „Елвис Присли: Трагачот“ изјави дека нејзиниот поранешен сопруг сам си го завршил животот.

„Знаеше што прави. Блиските луѓе се обидуваа да направат нешто, но нему не можеше да му кажеш што да прави. Брзо ќе те исфрлеше од својот живот", рекла актерката. Објаснила дека ниту таа, ниту нејзиното семејство и пријателите не можеле да го натераат Елвис да престане да зема лекови.

Открила и дека пејачот напишал две проштални пораки пред смртта, а неговото семејство рекло дека Присли намерно се предозирал со лекови.

И покрај разводот, Присила останала блиска со Елвис до неговата смрт. Во документарецот таа ја обвини и американската војска за зависноста од таблетите на нејзиниот поранешен сопруг. Имено, тој го отслужил воениот рок во Германија и актерката изјавила дека на војниците им давале лекови за да ги држат будни.

Присила често истакнува дека ниту еден маж не може да се натпреварува со Елвис, иако нивниот брак заврши со развод.

 

 

„Мислам дека никогаш нема да најдам некој што би го сакала како Елвис. Бесмислено е воопшто да се споредува со некого. Вистина е дека некои од мажите со кои бев после Елвис ми значеа, но тој беше мојата прва и последна љубов“, објасни актерката која никогаш повеќе не се омажи и има еден син од долгогодишна врска.

 

 

За жал, Присила имала и други проблеми, имено со злогласната скиентолошка црква, чии членови се Том Круз и Џон Траволта.

Во култот влегла во 1977 година откако Елвис починал. Била регрутирана од скиентолозите додека „Кралот на рокенролот“ сè уште бил жив, но тој не сакал да слушне за тоа.

По 40 години во таа организација успеала да се извлече.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk