На видеото од надзорната камера се гледа моментот кога „тојота“ ја крши вратата од зградата, но тоа е само почеток на хаосот.
Лидл наводно носел само женска блуза, додека во рацете држел гумени змии. Откако влетал во затворот истурил моторно масло на подот и се заканил дека ќе го запали.
Тој продолжил да се заканува, да фрла змии и да се тепа со полицајци, пишува Дејли Стар.
„Тој рече „ѓаволот ме натера да го направам тоа, зошто не ме застрелавте? Дојдов да ја убијам полицијата“, се вели во извештајот.
Иако Лидл направил значителна штета, тој не можел да помине низ челичните врати на затворот во Флорида.
Надлежните наведуваат дека фоајето било празно кога влетал со автомобилот, а уапсениот бил пренесен во болница каде одбил да соработува со лекарите.
После тоа, тој е вратен во притвор и обвинет за напад на службено лице и други кривични дела.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата