Како одговор на прашањата за случајот, кои до германската полиција ги испратило популарното франкфуртско хит радио ФФХ, било потврдено дека инцидентот се случил на 30 октомври годинава.
Една млада жена од централен Хесен објави на портал за бегалци дека нарачала облека од „Shein“, контроверзен онлајн трговец од Азија. Кога го отворила пакетот, скорпијата ја каснала.
Портпаролот на полицијата изјави дека соседот на жената повикал полиција и дека тој веќе ја убил скорпијата пред да пристигнат полицајците.
Младата жена веќе била пренесена во Универзитетската болница во Марбург, каде и била укажана прва помош.
Полицијата ја однела мртвата скорпија во Универзитетската болница, каде било утврдено дека отровот на овој вид на скорпија не е смртоносен за возрасните, но неговиот отров е опасен за децата.
Тоа била жолта медитеранска скорпија, една од најотровните од ваков вид во светот. Нејзиниот убод може да предизвика симптоми како повраќање и вртоглавица кај возрасните, а може да биде фатално кај децата.
Младата жена била шокирана бидејќи рекла дека има едногодишен син кој, за среќа, бил во кревет кога таа го отворила пакетот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата