logo
logo
logo

Скица од портрет на Винстон Черчил ќе биде понудена на аукција-на премиерот не му се допаѓала

Vecer | 17.04.2024

Скица од портрет на Винстон Черчил ќе биде понудена на аукција-на премиерот не му се допаѓала

Делото за масло на Греам Сатерленд, еден од водечките британски уметници од тоа време, му претходеше на портретот нарачан од британскиот парламент во 1954 година за 80-тиот роденден на политичарот.

Готовиот портрет, кој подоцна му беше претставен на Черчил на свеченото отворање на Парламентот, сепак беше исмеан од политичарот, нарекувајќи го „убав пример за модерна уметност“. Подоцна платното беше запалено.

Претставникот на Сотби за модерна британска и ирска уметност, Андре Златингер, рече дека Черчил не бил лесна личност за сликање.

„Черчил го праша Сатерленд дали ќе биде насликан како херувим или булдог, а Сатерленд одговори дека тоа зависи од тоа што државникот ќе му покаже“, рече тој.

Професорот по модерна историја на Универзитетот во Кентербери и соработник на колеџот Черчил во Кембриџ, Кевин Руан, истакнал дека Греам Сатерленд бил познат по својот груб реализам и го насликал она што го видел во 1954 година.

„Тоа беше речиси 80-годишен старец кој претрпе мозочен удар една година претходно. Кога ја гледам фотографијата на сликата, гледам човек кој ја носел тежината на светот и тој е малку пропаднат, но величествена руина, како Партенон. Сè уште можете да ја видите големината што беше таму, но се урива“, истакна Руан.

Се очекува преживеаната скица да достигне цена од 622.000 до 996.000 долари на аукцијата.

Аукцијата ќе се одржи на 6 јуни.

Во февруари, вештачките заби на Винстон Черчил беа продадени на аукција во Челтенхем за 18.000 фунти (околу 22.000 долари).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk