logo
logo
logo

Скандал во Украина: Почесна конзулка целосно гола на дрво (ФОТО)

Vecer | 08.04.2026

Скандал во Украина: Почесна конзулка целосно гола на дрво (ФОТО)

Почесниот конзулат на Украина во Доминиканската Република беше отворен на 21 март, а Викторија Јакимова (37) беше назначена за почесен конзул.

Назначувањето предизвика дебата, бидејќи Јакимова претходно работеше како фото модел, на што таа одговори „дека не го крие своето минато“ и дека „има право да го промени својот кариерен пат“.

Таа додаде и дека „благодарение на отворањето на конзулатот, Украинците во Доминиканската Република имаат можност да добијат важни консултации и помош“.

Според неа, по почетокот на војната, многу Украинци ја промениле кариерата и се придружиле на напорите за поддршка на земјата.

Таа исто така нагласи дека нејзината работа е финансирана од нејзиното семејство, како и од нејзиниот сопруг со кого поминала 13 години, „но кој, за жал, повеќе не е со нас“.

Јакимова е по потекло од Одеса, а како што објавија многу светски медиуми, таа студирала на Државниот економски универзитет во Одеса.

Покрај дипломатската улога, Јакимова работи за компанија која развива софтвер за логистички компании. Моментално живее во Ла Романа.

Меѓутоа, во последните денови, Јакимова се најде во центарот на скандал - се појавија нејзини голи и топлес фотографии.

И додека социјалните мрежи „гореа“, некои ја осудуваат за нејзината голотија, други ја бранат.

„За прв пат, ние „не се срамиме од нашиот конзул““, беше еден од низата саркастични коментари за „државната личност“ и „напредокот во дипломатската служба“.

„Овие фотографии не се доволен доказ дека овој почесен конзул не може да биде ефикасен“, нагласи поранешниот министер за надворешни работи Павло Климкин.

„Верувам дека секој има право на свој пат и свои одлуки. Ова е дел од мојот живот и мојата приказна. Искрено, не гледам цел во криењето или бришењето на нешто - ова е мое искуство, моја работа и мој избор“, заклучи Јакимова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk