logo
logo
logo

Сите треба да сме му благодарни на Станислав: Овој човек го спасил светот од атомска апокалипса и Трета Светска војна

Vecer | 08.06.2021

Сите треба да сме му благодарни на Станислав: Овој човек го спасил светот од атомска апокалипса и Трета Светска војна

Светот никогаш не бил поблиску до катаклизма како на 26 септември 1983 година и опстанал само благодарение на полковникот Станислав Петров.

Станислав е човекот на кого сите му должиме, односно тој го спасил светот одбивајќи ја послуша наредбата од својот претпоставен и не го притиснал црвеното копче со кое би започнала Трета светска војна

Приказната за Станислав Петров, полковник во војската на поранешен СССР е овековечена и во документарниот филм "Man who saved the world" кој го снимил Кевин Костнер.

Светот никогаш не бил поблиску до катаклизма како на 26 септември 1983 година и опстанал само благодарение на полковникот Станислав Петров, кој ризикувал уништување на сопствената земја за да го спаси човештвото.

Петров работел во тајниот бункер "Serpukov-15" во близина на Москва, во екот на „Студената војна“. На 26 септември 1983 на сателитскиот екран здогледал нуклеарен проектил. Еден момент подоцна се огласиле сирените и затрепкале црвените знаци, а после тоа системот за предупредување покажал како доаѓаат уште четири проектили.

Петров имал само 15 минути да го извести советскиот врховен командант за проектилите, што најверојатно би довело до активирање на советските нуклеарни проектили и атомска војна, пишува британски Mirror.

Меѓутоа, инстинктот му велел дека нешто не е во ред, затоа што другиот, одвоен радар не „фатил“ никакви проектили. Додека неговите колеги чекале одлука, Петров им рекол да се вратат назад на работа и да го игнорираат предупредувањето.

„Бев шокиран. Неколку секунди не знаев што да направам. Чувствував како сите гледаат во мене. Видов изненадување и паника“, изјавил Петров во едно интервју.

Шансите биле 50:50 дали се работи за вистински или лажен аларм. „Во таква ситуација одлучив дека не сакам да започнам Трета светска војна“, објаснил Петров.

Она кое го мачело е сознанието дека животите на повеќе милиони луѓе „виселе на конец, а никој од нив немал поим за тоа“. Системот дури покажал дека нуклеарните ракети почнале да паѓаат во СССР. Но, ништо не се случувало. Москва не била урната. Тогаш се покажало дека одлуката на Петров била исправна – станувало за дефект во системот, кој можел да го уништи светот.

Петров подоцна ја објаснил својата одлука со размислување дека САД би нападнале со стотици проектили, а не само со пет.

Всушност, Петров воопшто не требало да биде на „нуклеарно дежурство“ таа ноќ. Тој заменувал колега кој зел слободен ден. Којзнае што би се случило ако колегата бил на негово место...

Тој бил свесен дека пријавување на „нападот“ би значела наредба за моментално активирање на советскиот нуклеарен арсенал. Сепак, неговите шефови не го наградиле за брзото размислување. Наместо тоа, тој бил укорен затоа што „не го исполнил дневникот правилно“.

Петров го пријавил инцидентот, а истрагата покажала дека рускиот сателит лошо ги прочитал податоците.

Петров десет години никому не кажал за она што се случило, дури ниту на неговата сопруга. Но, приказната се појавила по завршувањето на „Студената војна“.

Благодарение на тоа, Петров ја добил и Дрезденската награда за мир, како човек кој го спасил светот. Петров починал во 2017та година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk