Се потсетуваме на сите скандали кои ги претрпе монархијата во поновата историја
За скандалозното интервју на Меган Маркл и принцот Хари и понатаму се зборува, но контроверзии во британското кралско семејство имало отсекогаш. Јавноста внимателно почнала да ги следи после љубовните и брачни проблеми на принцот Чарлс и покојната принцеза Дајана.
Да се потсетиме на некои од најголемите скандали кои го потресоа британското кралско семејство во поновата историја!
Абдикацијата на кралот Едвард VIII
После неколку месеци од своето кралско владеење во 30-те години на минатиот век Edvard VIII ја запросил Волис Симпсон. Фактот дека Американката имала два пропаднати брака не и „легнал“ на британската влада, а кога Едвард сфатил дека нема да може да се ожени со Волис и да биде крал решил да се откаже од престолот. Го наследил помладиот брат Džordž VI, таткото на кралицата Елизабета и принцезата Маргарет.
Контровезниот љубовен живот на принцезата Маргарет
Помладата сестра на кралицата Елизабета II паднала на шармот на Питер Таунсенд. Разведениот Таунсенд ја запросил 16 години помладата принцеза, но англиската црква одбила да го признае тој потенцијален брак. Со запрсоувањето не биле воодушевени ни членовие на владата, па ја натерале Маргарет да бира меѓу љубовта и кралскиот живот. Во 1955 таа конечно го одбила Таунсенд и пет години подоцна се омажила за Ентони Армстронг Џоунс.
Обид за киднапирање на принцезата Ана
Кога во 1974 принцезата Ана се враќала во палатата од хуманитарна акција, нејзиното возило го претекнал Ијан Бол вооружен со два пиштола. Тој велел дека планирал киднапирање заради откуп. Ана во метежот побегнала, но ранет бил нејзиниот телохранител. Бол бил уапсен, а заради историјата на ментални болести осуден бил на живот во психијатриска установа.
Љубовниот триаголник на принцот Чарлс, Дајан и Камила
Принцот од Велс во 1981 година се ожени со Дајана, но односот меѓу нив брзо се влошил. Дајана признала дека се вљубила во некој кој работел за палатата, а Чарлс подоцна имал врска со бившата девојка Камила. Разводот го најавија во 1992 година. Три години подоцна Дајана во интервју за Би-би-си рекла дека „во бракот биле тројца, па била гужва“. Разводот од Чарлс е окончан во 1996, а следната година таа трагично загина во автомобилска несреќа во Париз. Во 2005 Чарлс се ожени со Камила.
Наци издание на принцот Хари и авантура во Лас Вегас
Пред во 2018 да се скраси со Меган Маркл, војводата од Сасекс го следеше глас на бунтовен член на кралското семејство. Откако во 2005 се појавија фотографија од забава на која на раката носи лента со кукаст крст, тој беше принуден јавно да се извини.
Тука не завршија скандалите, па седум години подоцна се појавија негови разголени фотографии наводно направени за време на партија билијард во слекување, одиграна во Лас Вегас.
Казнувањето на принцезата Ана заради тоа што незиното куче нападнало деца
Ќерката на кралицата во 2002 година ја призна вината за казненото дело откако нејзиното куче нападнало две деца. На жртбите морала да им плати отштета од 500 фунти, а добила и исто толкава казна и плус требала да ги плати судските трошоци. Таа наводно е првиот од позначајните членови на кралското семејство кој во период подолг од еден век се појавил на суд.
Валканиот јазик на принцот Чарлс
Додека во 2005 позирал со синовите во еден швајцарски ски-центар, Чарлс бил фатен како со непристојни зборови негодува заради прашањето за претстојната венчавка со Камила.
Расистичкиот брош на принцезата од Кент
Сопругата на принцот Мајкл од Кент предизвикала контроверза после кралскиот божиќен ручек во Бакингамската палата во 2017, кога била забележана со моден додаток што некои го протолкувале како потценување на Меган Маркл, првата високопозиционирана членка на кралското семејство која е од мешанат раса.
Ова не и бил прв расен инциден, во 2004 на група црнци од Њујорк наводно им рекла „да си се вратат во колонијата“.
Отстапување на принцот Ендрју
Војводата од Јорк се нашол во средиштето на скандал во 2019 заради поврзаноста со покојниот сексуален престапник Џефри Епстајн. Во тоа време тој ги негираше и тврдењата на Вирџинија Робертс дека меѓу 1999 и 2002 година три пати била присилена на сексуален однос со него, тврдејќи дека тоа не се случило.
Гласини за афера на принцот Вилијам
Војводата од Кембриџ во 2019 беше обвинет за врска со Роуз Хенбери, маркиза од Колмонделеј, блиска пријателка на неговата сопруга Кејт Мидлтон.
Гласните ги натерале да седнат и да ја преиспитаат својата врска, па сфатиле дека тоа треба да го прават почесто, тврдел добро упатен извор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата