logo
logo
logo

Сите го знаеме како магичен град, но под улиците на Париз се КРИЕ МРАЧНА ТАЈНА

Vecer | 24.03.2021

Сите го знаеме како магичен град, но под улиците на Париз се КРИЕ МРАЧНА ТАЈНА

Влезот во костурницата  на францускиот главен град Париз е изграден непосредно пред старите градски порти, соодветно именувани Barrière d’Enfer, што во слободен превод значи Портите на пеколот

Париз можеби е град на светлината, љубовта и модата, но под прекрасните улици има темни лавиринти преполни со коски од шест милиони Парижани.

Исто како и многу други градови во раната индустриска ера, Париз имаше бројни проблеми, пред се смрт и болести. Животот во големиот град привлече многу луѓе од селото. Кон крајот на 18 век, кога природата го сторила своето, ситуацијата резултирала со пренатрупани гробишта, пишува IFLScience.

Les Innocents, едни од најголемите гробишта во Париз во 18 век, испуштало смрдеа на скапани тела, а нивната област била премала со оглед на бројните побарувања и пренатрупаноста на градот. Мирисот бил толку ужасен што локалните парфимери наводно се бореле да ги продадат своите производи.

До мај 1780 година, гробиштата пукале по рабовите. Подрумскиот ѕид на имот што се граничи со Les Innocents се ширел под притисок на вишок погребувања и пролетните дождови, предизвикувајќи поплава од полураспаднати тела и болести во подрумот.

За неколку месеци, властите наредиле затворање на градските гробишта, поради што во Париз не можело да се погреба тело. Со заканата за јавното здравје која се појавила, градот исто така одлучил да ги отстрани постојните гробници.

Коски на познатите Французи

За среќа, постоел план. Имено, Париз некогаш имал мноштво рудници и каменоломи, што се покажало како совршено место за чување на мртвите. Помеѓу 1787 и 1814 година, коските биле пренесени длабоко во рудниците. Влезот е изграден непосредно пред старите градски порти, со соодветно име Barrière d’Enfer, што во слободен превод значи Порти на пеколот. Иако скелетите првично само биле фрлани во каменоломите, тие подоцна биле организирани во уредни редови кои денес се препознатливи.

Меѓу шесте милиони остатоци од коски во костурницата може да се најдат бројни фигури од историјата на Франција, вклучувајќи бројни отсечени глави од Француската револуција, како и славни уметници како Шарл Перо, кој ги напишал бајките Црвенкапа, Пепелашка и Заспаната убавица .

Катакомбите во Париз се наоѓаат на 20 метри под улиците, а туристите можат да видат околу еден и пол километар од костурницата. Влегувањето во забранети галерии е нелегално од 1955 година, а некои похрабри посетители влегуваат во лавиринтот преку скриени влезови, но тоа баш и не е препорачаливо. Имено, во 2017 година тројца тинејџери беа спасени од длабочините на катакомбите откако три дена се изгубиле во лавиринтот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk