Ервин Џонсон III, попознат како Еј Џеј, синот на Меџик Џонсон, деновиве одмора на Миконос, а неговите фотографии од бикини станаа вирални. Еј Џеј сака гламур и луксузни одморалишта. Облечен во златно бикини, соодветни панталони и високи потпетици - максимално уживал на забава на луксузниот грчки остров.
View this post on Instagram
Еј Џеј (30) имал само 13 години кога на својот татко му признал дека е геј. Познатиот кошаркар Меџик Џонсон признава дека му било потребно време да го прифати овој факт.
„Мое е да го сакам без разлика кој е и што прави“, рече Меџик еднаш.
Вистина е дека славниот кошаркар едно кажа пред камерите, а сосема друго пред својот син дома. Тешко му беше да прифати дека неговиот син носи момче во куќата. Ова го натера Еј Џеј да се прејадува, брзо да се здебели, па пред неколку години мораше да направи операција за намалување на желудникот.
View this post on Instagram
Неколку години беше ѕвезда на реално шоу во кое камерите го следеа. Тогаш можевме да видиме колку Еј Џеј сака луксуз и млади момци. Тој правеше се за да може да се забавува најдобро што знае и умее.
И денес не се знае како заработува и што точно работи Еј Џеј - но има пари. Одмора само во најпрестижните одморалишта во друштво на децата на богатите. Модата е негова опсесија, па нема модна ревија на која не присуствувал.