logo
logo
logo

Си го уништила лицето заради трик од „ТикТок“: привремено ослепела, отекла и добила силна инфекција...

Vecer | 17.06.2021

Си го уништила лицето заради трик од „ТикТок“: привремено ослепела, отекла и добила силна инфекција...

Тили Витфилд, ѕвездата на австралискиот „Голем брат“, решила да испроба трик од  ТикТок за да се ослободи од акните на лицето. Самата си направила акупунктура и завршила во болница со изгореници на лицето и привремено губење на видот.

Уште во мај, 21-годишната Тили Витфелд рече дека се појавила во „Големиот брат“, Австралија, со глинена маска за да го покрие црвенилото на образите и носот и да ги отстрани лузните што самите си ги предизвикала откако го пробала трикот од „ТикТок“.

Тили открила дека има проблеми со акни и дека пробала сè за да се ослободи од нив. На „ТикТок“, таа проншла совети за убавина од девојка која тврдела дека знае да се ослободи од мозолчињата на лицето и која советувала да се направи акупунктура дома, како што направила и Тили. Сепак, тоа не била паметна одлука.

- Вака изгледаше моето лице само една недела пред да влезам во куќата на големиот брат, а сега се шминкам многу и ставам маска од глина за да го сокријам - напишала покрај фотографијата на која и е полно лицето црвени лузни

Веднаш по „третманот“, таа завршила во болницата со изгореници на лицето, и привремено го загубила видот.

Ве молам, не слушајте ги советите во кои се препорачува да направите нешто дома, а што инаку треба да го сторат експерти во салони. Завршив во болница со привремено губење на видот поради оток и бев многу болна од инфекција, а да не спомнувам дека лицето ми беше непрепознатливо. Оставете им го тоа на професионалците - рече Тили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk