CNN TRAVEL објави листа на десет најубави европски железнички линии. Покрај патувањето со воз од Фиренца до Неапол, од Барселона до Монсерат или од Ница до Вентимилија, свое место на листата најдоа и две линии од земјите од поранешна Југославија, Босна и Херцеговина и Словенија.
Си-Ен-Ен пишува за патувањето од Сараево до Мостар како прекрасно двочасовно патување со воз во кое патниците ќе поминат под зелените планини и клисури кои ја придружуваат смарагдната Неретва.
„Во Мостар, еден од омилените мали гратчиња на Си-Ен-Ен во Европа, ќе пристигнете веднаш над познатиот мост што го изградија Турците, кој беше уништен од хрватската војска во 1993 година, а повторно изграден во 2004 година“, пишува познатиот американски медиум.
Што се однесува до Словенија, Си-Ен-Ен наведува дека во таа земја има повеќе од 1.000 километри железница, а широка железничка мрежа ја поврзува Словенија со Унгарија, Австрија, Хрватска и Италија.
Тие наведуваат дека пругата Бохињ е дел од линијата што ја поврзува Прага со Трст, а Централна Европа со Медитеранот.
„Една од најстарите железнички линии во Словенија вклучува 28 тунели и 65 мостови, вклучувајќи го и Солкан мостот, најголемиот камен железнички мост во светот, кој ги поврзува двата брега на реката Соча“, напишаа тие.
Фото: Шутер
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата