Животот во Швајцарија има многу предности. Станува збор за исклучително убава земја со еден од најголемите животни векови во светот - мажите живеат во просек 79 години, а жените 84 години. Ова е исто така земја со одлична храна, ниска стапка на криминал и еден од најдобрите образовни системи во светот.
Доколку ви треба дополнителна мотивација за преселба, градските власти во Албинен, Швајцарија нудат и парична награда од 25.000 евра.
Албинен е прекрасна општина во областа Леук и кантонот Вале на југот на Швајцарија. За жал, нема многу можности за вработување во областа, така што нејзината популација драстично се намалува во последните неколку децении.
Со цел да се поттикне економскиот раст и наталитетот, градските власти уште во 2017 година одлучија да ги привлечат луѓето во нивното мало катче со високи парични суми. Тоа е вест која благодарение на интернетот одекна низ целата планета.
Градските власти во Албинен биле изненадени кога сфатиле колку луѓе се заинтересирани да се преселат, иако не ги прочитале условите за добивање пари. Тие беа преплавени со покани од целиот свет, а некои се појавија директно со куфери од други континенти - подготвени да се вселат во моментот.
Што всушност се нудеше?
Споменатата сума му била понудена на секое возрасно лице кое сакало да се пресели во Албинен, како и дополнителни 10.000 франци за малолетно дете. Четиричлено семејство со две малолетни деца на тој начин можело да ја добие сумата од 70.000 евра, пишува на веб-страницата Full Suitcase.
Кој би можел да аплицира?
Право на оваа поволност имаа швајцарските граѓани, како и лицата од другите делови на светот кои имаат дозвола за постојан престој во Швајцарија или таканаречената дозвола Ц.
Граѓаните на Европската унија можат да влезат и да престојуваат во Швајцарија без посебни дозволи во период од 90 дена. После тоа, тие треба да побараат дозвола за привремен престој - Б или Л, која трае околу една година.
Дозволата Б може да се продолжи неколку пати, а по пет последователни години поминати во Швајцарија, граѓаните на ЕУ имаат право да аплицираат за дозвола В. Граѓаните кои не се членки на ЕУ мора да живеат во Швајцарија десет последователни години пред да поднесат барање за дозвола за постојан престој таму.
За програмата можеа да аплицираат само лица помлади од 45 години.
Поединците мораа да се обврзат да купат дом со минимална пазарна вредност од 200.000 швајцарски франци.
Лицата мораа да се обврзат да живеат во Албинен најмалку 10 години. Доколку решат да го напуштат градот пред истекот на рокот, ќе мора да ги вратат добиените пари.
Кој ги доби парите?
Не само што заинтересираните Американци, Бразилци и други народи кои живееле надвор од Швајцарија во времето на објавувањето на конкурсот не можеле да добијат пари, туку и луѓето кои ги зборуваат официјалните јазици на Албинен - германски и француски.
Дополнително, оние лица кои работеле работи што може да се извршуваат долгорочно од својот дом имале поголеми шанси да добијат финансиски средства.
Во текот на 2018 година беше одобрена сума на пари за дема семејства, а беа разгледани уште три понуди. Спонтаните патници кои не ги прочитале соодветно условите на конкурсот - се вратиле во своите домови.
View this post on Instagram
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата