logo
logo
logo

Што се случи со децата на ТИНА ТАРНЕР и како од 4 сина да НЕМА кој да ја жали: ИМ ДАЛА СЕ, а вака и вратиле

Vecer | 26.05.2023

Што се случи со децата на ТИНА ТАРНЕР и како од 4 сина да НЕМА кој да ја жали: ИМ ДАЛА СЕ, а вака и вратиле

Тина Тарнер беше мајка на четири сина, а своето прво дете го роди на само 18 години.

Музичката легенда, која почина на 84-годишна возраст по долго и тешко боледување, го доби својот прв син Рејмонд Крег во август 1958 година со саксофонист. Кога се омажила за Ајк Тарнер во 1962 година, тој го посвоил нејзиниот син, кој бил преименуван во Крег Рејмонд Тарнер.

Тогаш Тина ги посвои двата сина на Ајк: Ајк џуниор и Мајкл, кои музичарот ги имаше со Лорен Тејлор.

Во октомври 1960 година, Тина и Ајк го добија својот прв заеднички син Рони Тарнер.

 

 

„Морам да кажам дека беа добри деца“, рече пејачката во една прилика, наведувајќи дека и било тешко бидејќи минувала низ многу тежок брак со Ајк.

„Таа навистина реши сама да не воспита бидејќи тоа беше нејзината единствена среќа“, рече Крег во документарниот филм за Тина Тарнер од 2021 година.

Иако често била на пат, секогаш се грижела за децата. „Мајка ми не се шегуваше“, му рекол тој на Ајк Џуниор во 2017 година, истакнувајќи дека Тина била строга.

„Моравме да ги завршиме сите домашни работи и точно знаевте кога е појадок, ручек или вечера“, рекол Крег.

Во 1985 година, Тина почнала да излегува со нејзиниот иден сопруг Ервин Бах, а во 1995 година се пресели во Швајцарија за да биде поблиску до него. Потоа се пожали дека малку се отуѓила од нејзините синови, сите освен Крег.

Во 1989 година, таа престана да ги поддржува своите синови финансиски, објаснувајќи: „Сè уште сум тука за моите синови, но нема да дозволам да ме искористуваат.“

 

 

А потоа се случиле низа трагедии...

Крег се самоуби во 2018 година, а четири години подоцна Рони му подлегна на ракот на дебелото црево.

По смртта на Крег, Тина ја расфрла неговата пепел на брегот на Калифорнија и го нарекува тоа „нејзиниот најтажен момент како мајка“.

„Крег имаше 59 години кога трагично почина, но за мене тој секогаш ќе биде мое бебе“, напиша Тина на Твитер.

Пејачката подоцна изјавила дека Крег бил многу емотивно дете кое тешко се справувало со насилниот брак на неговите родители. „Тој секогаш ме гледаше со некоја тага.

Кога Тина го напушти Ајк, Крег беше матурант. Подоцна се приклучил на морнарицата, а потоа станал агент за недвижнини.

 

 

 

 

 

„Сè уште не знам што го турна преку работ“, рекла пејачката, истакнувајќи дека во тоа време Крег започнал сопствен бизнис и ја запознал жената во која се заљубил.

„Сепак, мислам дека Крег беше многу осамен и тоа го влечеше надолу.

Пред да умре, ѝ се јавил на телефон и и рекол: „Мамо, само сакав да го слушнам твојот глас и таа смеа.“

Ајк џуниор

Ајк Џуниор раскажувал како Тина му помогнала да избере инструмент што му одговара: "Мојот прв инструмент беа тапаните, додека мајка ми не ми дозволи да свирам пијано. Па сега свирам тапани, пијано, гитара..."

Кога имал 13 години, Ајк Сениор и Тина го однеле со себе на турнеја. „На крајот го водев нивното студио за снимање.“

Меѓутоа, по разводот со Тина, Ајк постариот не му дозволил да има контакт со Тина и двајцата на крајот ја изгубиле блискоста.

Ајк џуниор освои две Греми награди, а раскажуваше како татко му го тепал со пиштол по глава секој пат кога ќе стапел во контакт со Тина.

„Некако изгледа дека нè запоставува нас, барем нас тројцата: мене, Мајкл и Рони. Не сум разговарал со неа од Бог знае  кога - веројатно, од 2000 година. Таа живее во Европа со нејзиниот нов сопруг. Не сака да има врска со минатото“, изјави еднаш Ајк џуниор, кој сега го живее својот живот со голема желба да се докаже во музичките води и успева во тоа.

 

 

Мајкл Тарнер

Роден е во 1959 година од Ајк Сениор и Лорејн Тејлор, а Тина го посвоила кога се омажила за Ајк.

Мајкл беше тој кој најмногу настрада кога Ајк и Тина се разведоа. Подоцна се борел со зависност од опијати.

„Знам во моето срце ако се јавам на Тина или Ајк, тие ќе дојдат да ми помогнат, но не можам да го направам тоа. Тина беше навистина добра со мене и ја сакам, но не можам да живеам со други. Морам да бидам слободен да правам што сакам“, рекол Мајкл еднаш.

По серијата мозочни удари, како и страшните последици поради употребата на сомнителни супстанци, Мајкл заврши на рехабилитација и во различни болници.

 

 

Роналд Рони Тарнер

Единствениот биолошки син на Тина и Ајк е роден во 1960 година.

"Одел во приватни училишта и добивал пари за облека и сè што му треба. Но, Рони решил да биде самодеструктивен. Тука треба да се повлече линијата. Јас го чувам", изјави Тина еднаш што се случува со нејзиниот најмлад син.

Кога бил помлад, Рони користел дрога и бил исклучително проблематично момче. Затоа Тина решила да престане да му дава пари.

"Престанав да го поддржувам финансиски. Секогаш гледав каде е и дали навистина му треба нешто, јас бев тука да се вмешам, но сега конечно застана на нозе", рекла Тина одамна.

Откако излегол од канџите на дрогата, Рони почнал да свири во бенд, а потоа се оженил и добил две деца. Тој почина од рак на 62-годишна возраст.

"Рони, прерано си замина од светот. Во тага ги затворам очите и мислам на тебе, мојот сакан син", напишала Тина тогаш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk