Сообраќајните експерти се сè поиновативни во изнаоѓањето нови начини како возењето да биде побезбедно.
Што се однесува до хоризонталната сигнализација, последниве години има многу новини, а некои од нив се применуваат и на нашите патишта, како ознаки за возење по автопат во услови на магла или 3Д надолжни линии на асфалтот кои ги делат сообраќајните ленти и “произведуваат“ звук кога гумите ќе поминат преку нив.
Сега во некои земји можат да се видат и новите ознаки. Шпанците веќе ги пуштија во употреба и ги нарекуваат “змејски заби“. Станува збор за триаголни површини исцртани во бело, кои се поставени од внатрешната страна на сообраќајната лента.
Ова му дава впечаток на возачот што доаѓа дека патот се стеснува и инстинктивно го успорува автомобилот.
Во некои земји (а сега и во Шпанија) се поставуваат и надолжни прекинати линии, кои исто така предупредуваат на потребата од забавување.

Estamos mejorando la seguridad vial de la N-640 en tramos de Caldas de Reis, Cuntis, y Castro Loureiro (#Pontevedra) con nuevas marcas viales tipo 'dientes de dragón' y 'zigzag'.

🔹Favorecen la reducción de velocidad
🔹Facilitan la humanización de travesías#DGCarreteras pic.twitter.com/nDOG76RkvM
— Ministerio Transportes, Movilidad y A. Urbana (@mitmagob) September 28, 2022

Се чини дека работата функционира. Имено, шпанското Министерство за транспорт објавило твит во кој наведуваат дека се поставени нови знаци на места каде што претходно се случиле сообраќајни несреќи.
Откако се поставени знаците, не се пријавени нови несреќи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата