Според податоците од Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (EUROCONTROL), аеродромот во Истанбул бил најпрометен меѓу аеродромите во Европа во периодот од 21 до 27 април.
Аеродромот во Истанбул се рангираше на првото место меѓу најпрометните аеродроми во Европа со просек од 1.482 летови дневно во овој период, според извештајот на Европскиот преглед на воздухопловството, објавен вчера, објави Анадолија.
Бројот на летови на аеродромот во Истанбул се зголеми за четири проценти во споредба со претходната година и за 24 проценти во споредба со истиот период во 2019 година.
По аеродромот во Истанбул следуваат Амстердам Шипхол со 1.419 дневни летови, Лондон Хитроу со 1.357 летови, Париз - Шарл де Гол со 1.344 летови и Франкфурт со 1.314 летови.
На 17 април, аеродромот во Истанбул, кој беше втор најпрометен аеродром во Европа минатата година, започна со истовремени операции на три писти.
Со оваа инфраструктура, стана прва во Европа со три писти и втора во светот, по САД.
Во 2024 година, аеродромот во Истанбул опслужил околу 80 милиони патници, што го прави најголемиот и втор најпрометен аеродром во Европа, според Генералниот директорат на државните аеродроми (DHMI).
Минатата година, тој стана и најпрометниот центар за воздушен товар во Европа, според годишниот извештај за сообраќај на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) Европа за 2024 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата