logo
logo
logo

Што правеле жените пред СИЛИКОНИТЕ и ПЛАСТИЧНИТЕ ОПЕРАЦИИ: Морале вака да се снаоѓаат!

Vecer | 27.11.2022

Што правеле жените пред СИЛИКОНИТЕ и ПЛАСТИЧНИТЕ ОПЕРАЦИИ: Морале вака да се снаоѓаат!

Што требало да направи една жена ако сакала да го зголеми своето деколте во деновите пред да се појави градникот „Wonderbra“, односно пуш-ап градникот и кога подрастичните мерки како пластичната хирургија не биле толку лесно достапни?

Одговорот е носење градник на надувување кој жената всушност може да го надува до големината што ја сака.

 

Merilin Monro

 

Градникот на надувување „Tres Secret“ почнал да се продава на почетокот на 1950-тите. Секоја корпа содржела мала пластична кеса која жената можела да ја надува со помош на цевче.

Неговите изработувачи ветиле дека градникот може да и даде на секоја жена „поттик на убавината на нејзините гради“, а во рекламата се вели: „Направете го тоа сами. Извлечете се од себе. Надувајте ги! Направете ги во големината што ја сакате“, пишува Дејли мејл.

 

Merilin Monro

Очигледно е дека желбата за поголеми гради постоела и пред 70 години, иако не можеме да тврдиме дали жените самите дошле до оваа идеја или таа дошла од мажите, можеме да потврдиме дека притисокот врз нив да бидат совршени и да имаат големи облини бил подеднакво изразен како и денес.

Не е ни чудо што феминистките го палеле токму ова модно парче

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk