Што е тоа што успешните луѓе ги одвојува од остатокот. Она што го правите наутро често има тенденција да го одбележи целиот ден и да го одреди вашето расположение. Затоа, за да го започнете денот на добар начин, треба да усвоите добри навики. Иако некои ритуали изгледаат тешки за усвојување, на крајот тие даваат добри резултати и докажано ви помагаат да се чувствувате подобро.

Ова се седум добри навики кои треба да ги усвоите и да го започнете секој ден на најдобар можен начин.

Разбудете се рано

Во истражувањето на 20 испитаници на важни позиции, спроведено од Лаура Вандеркам, експерт за управување со време и автор на книгата „Што прават успешните луѓе пред појадок“, 90 отсто од нив рекле дека во работните денови се будат пред 6 часот наутро.

Извршниот директор на Пепси се буди во 4 часот наутро, а е во канцеларија најдоцна до 7 часот наутро, директорот на Дизни станува во пет и пол да чита, а директорот на Твитер оди на трчање во 6 и пол.

Утрото е најпродуктивниот дел од денот и тоа треба да се искористи, пишува Independent.

Започнете го денот со вежбање

Има и такви луѓе кои копнеат да тренираат пред изгрејсонце, но за сите останати кои се будат во зората да одат на вежбање и тоа не звучи толку примамливо. Сепак, утрото е идеален дел од денот за вежбање, бидејќи кога го правите тренингот ја намалувате веројатноста да го одложите или воопшто да не го одработите.

На пример, директорката на една американска корпорација, Урсула Барнс, започнува со тренинзите во 6 часот наутро, двапати неделно, а поранешниот американски претседател Барак Обама секој ден започнува со тренинзи за сила и кардио вежби.

Појадувајте

Подобро е да го започнете денот со појадок кој содржи јајца отколку со оброк кој содржи шеќер и кој ќе ви донесе чувство на замор. Можеби изгледа тешко да најдете време за готвење, но значителен оброк наутро ќе ви обезбеди енергија во остатокот од денот.

Прво решете ги најкомплицираните обврски

Тивките утрински часови можат да бидат идеално време да се фокусирате на важен работен проект без прекин. Освен тоа, тоа е идеален период од денот пред вашите деца, колеги или шефови да ви го одвлечат вниманието.

Вандеркам го наведува примерот на деловен стратег кој имал толку многу нови состаноци и постојано одвлекување на вниманието во текот на денот што чувствувал дека не може да постигне ништо.

Раните утрински часови ги размислува како проект, а потоа избира задача која секое утро ќе ја решава. Никој не те вознемирува во 6:30 наутро и конечно можеш да се концентрираш.

Туширајте се

Според бројни студии, утринското туширање – но со млака вода, навистина ќе го стави вашето тело во состојба на подготвеност за тој ден.

Покрај тоа што ќе се чувствувате свежо, туширањето веднаш по станувањето ќе ви заштеди време кое подоцна би го потрошиле на нега, бидејќи веднаш ќе се облечете, нашминкате …

Бидете интимни или едноставно разговарајте со партнерот

Веројатно навечер ќе ви здодеат секојдневните активности, па затоа многу успешни луѓе го користат утрото како време за поминување со партнерот.

Дури и ако наутро не сте расположени за интимни односи, искористете го тоа време за да разговарате со партнерот.

Уживајте во тишината

Животот знае да биде хаотичен и често е тешко да се најде време за слободни моменти. Ако секогаш брзате наутро, тешко е да се замисли да одвоите време за мирен момент.

Но, таков одмор не е губење време. Обидете се да одвоите неколку минути за да размислувате тивко на почетокот на секој ден. Овие мирни моменти можете да ги искористите за медитација, замислување иден успех, молитва или благодарност.