logo
logo
logo

ШТО ПОЧУДНО ТОА ПОПЛАТЕНО: Дали би ги работеле „новите професии“

Vecer | 21.04.2021

ШТО ПОЧУДНО ТОА ПОПЛАТЕНО: Дали би ги работеле „новите професии“

Во светов се популаризираат некои нови професии секоја година и прашање на време е кога некои од нив ќе се прошират и на овие простори.

При изборот на средно училиште или факултет, повеќето избираат некои „стандардни“ занаети и професии, сепак, некои експерти сметаат дека ова е застарено. На пример, нема училиште за јутубери или инфлуенсери, и ова се занимања денес што носат големи, дури и сигурни приходи.

САД сигурно одат чекор подалеку во сето ова, а бројот на „нови професии“ расте од година во година и тие се добро платени.

Експерт за бои, но не и колорист во светот на  фризерите, туку личност која користи психологија на бои, трендови, статистика и теорија за да ги предложи најдобрите бои за домови, згради на компании, логоа на брендови итн. Не ви треба универзитетска диплома за оваа работа, но имате обука. Пожелно е да сте креативни и иновативни, а од час добивате од 14 до 19 долари, во зависност од нивото на знаење.

Гоустврајтер за онлајн состаноци е некој што „составува“ профили за други луѓе на тековните мрежи за запознавање. Ова е одлична работа ако имате вештини за пишување, затоа што треба да бидете духовити и креативни. Можете да работите како хонорарец барајќи клиенти сами или можете да работите директно со популарни страници. Саатница е околу 19 евра.

Менаџер за бинго може да заработи околу 44.000 евра годишно, плус 8.000 евра бонуси. Неговата работа е да организира сè во казиното, не му треба универзитетска диплома, но потребни се најмалку 5 години искуство на слични раководни позиции.

Хипотерапевт комбинира терапија со јавање на коњ, а овој вид личен развој се применува и кај деца и кај возрасни. Оваа кариера сигурно бара да бидете овластен терапевт со познавање на разни форми на попреченост, а исто така треба да бидете добри и со коњите. Хипотерапија може да се користи за подобрување на рекреацијата, социјализацијата и интеракцијата со другите. Заработка? Дури 24 евра на час!

Ароматичар не е „чудно“, но е сè поретко занимање. Неговата работа е да создава природни и вештачки ароми. Мора да има широко познавање на есенцијални масла, ботанички екстракти, ароми и есенции, како и докторат по (био) хемија. Од час добива 14 до 29 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk