logo
logo
logo

Шпанската Ла Лига ќе му помогне на Црвениот крст во собирање помош за погодените од поплавите

Vecer | 01.11.2024

Шпанската Ла Лига ќе му помогне на Црвениот крст во собирање помош за погодените од поплавите

Шпанската фудбалска Ла Лига и сите прволигашки екипи ќе му помогнат на Црвениот крст во собирањето средства за помош на погодените од силните поплави во Шпанија во кои загинаа најмалку 158 луѓе, преку кампања за време на преносите на натпреварите викендов и преку нивните сметки на социјалните платформи.

„Шпанскиот професионален фудбал се придружува на сочувството и ја изразува својата солидарност со семејствата на жртвите и исчезнатите“, соопшти попладнево Ла Лига.

Претходно Реал Мадрид објави дека има намера да соработува со Црвениот крст и да донира еден милион евра.

Откако Шпанската фудбалска федерација одложи седум натпревари во Копа дел Реј претходно оваа недела, побара од организаторите да одржат едноминутно молчење во спомен на жртвите пред почетокот на натпреварите кои ќе се играат овој викенд.

Саботниот натпревар од Ла Лига помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, како и пресметката на Виљареал со Рајо Ваљекано, се меѓу одложените натпревари бидејќи Валенсија го претвори својот стадион „Местаља‘ во центар за донирање храна и основни добра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk