logo
logo
logo

Шпанец е осуден на шест години затвор, зашто ја оставил болната сопруга да умре

Vecer | 22.03.2025

Шпанец е осуден на шест години затвор, зашто ја оставил болната сопруга да умре

Тој е во притвор од декември 2022 година, а според пресудата ќе биде ослободен од затвор најрано во март следната година, пренесува ЕлМундо.

Три дена пред Рохелио да биде уапсен, неговата сопруга, која боледувала од неколку болести, вклучувајќи мултиплекс склероза, дебелина и респираторна инсуфициенција, паднала во куќата и не можела сама да стане.

Рохелио О.С. не ѝ помогнал на својата повредена сопруга да стане, ниту ѝ донел опрема за терапија со кислород, а притоа ѝ го ограничил пристапот до лекови против болки.

На осудениот му било дијагностицирано нарушување на приспособувањето како резултат на личната ситуација што ја доживеал додека се грижел за сопругата, што ја намалило неговата волја, но не влијаело на неговите интелектуални способности.

Утврдено е дека смртта на жената била предизвикана од лобарна пневмонија пропратена со акутна респираторна инсуфициенција, која би ја преживеала доколку навреме ѝ била укажана помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk