Момче од Индонезија го доживеало својот животен шок откако дознал дека се оженил со маж, по што во паника повикал полиција. Локалните медиуми објавија детали од бизарната приказна која има вистински филмски пресврт, пренесува Oddity Central.
Се започнало на интернет, каде А.К.(26) ја запознал Адина Канза Азахраја. По некое време, бил договорен состанок, а момчето признало дека веднаш се заљубило.
Не му пречело тоа што Адина го криела лицето, користејќи хиџаб или превез. Всушност, нејзината срамежливост уште повеќе го заинтригирала, па решил да ја запроси.
Адина прифатила, но рекла дека не сака забава бидејќи „нејзината мајка починала“ и дека „не била во контакт со нејзиниот татко“. Тврдела дека нема семејство да јаго покани на свадбата.
Парот се одлучил за дискретна церемонија одржана во нивното село и тогаш работите станале уште почудни.
Имено, Адина сепак не го симнала превезот, одбила да се дружи со семејството и пријателите, како и да го „консумира бракот“.
Младиот човек се пожалил на своите роднини, кои решиле да ја истражат историјата на жената, па токму тогаш почнало да се отплеткува клопчето. Го пронашле таткото кој објаснил дека има - син, а локалните медиуми ги објавија само иницијалите Е.С.Х.
<b>Штом слушнал дека се оженил со маж, А.К. повикал полиција.</b>
„Е. С.Х.(26) признал дека сакал пари од жртвата. Секогаш кога барал, и добивал. Ќе му биде поднесена кривична пријава и ќе се соочи со четири години затвор“, изјави полициски извор.
Понатаму се наведува дека уапсениот по шминкањето имал „женствен изглед“, што му овозможило да ги измами луѓето.