logo
logo
logo

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Vecer | 22.12.2025

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку едноставни промени во навиките, можеме да ја успориме депигментацијата и подолго да ја зачуваме природната боја на коса.

Променете ја исхраната

Исхраната е еден од најважните фактори за појавата на седа коса. Витамините Б12 и Б комплекс, фолната киселина, бакарот и цинкот се клучни за производството на меланин.

Недостатокот на овие нутриенти често води до рано губење на пигментот. Од друга страна, претераното консумирање преработена храна го зголемува оксидативниот стрес, кој дополнително ја забрзува депигментацијата.

Воведете суплементи кога е потребно

Телото не ја смета косата за приоритет, па витамините и минералите најпрво се користат за органите и виталните функции. Затоа некогаш, дури и со добра исхрана, телото не може да произведе доволно пигмент. ВО тој случај, суплементацијата, особено онаа богата со бакар и витамини Б, селен и антиоксиданси може да помогне во успорување на процесот.

Заштитете ја косата од УВ зрачењето

Сонцето не влијае само на кожата, туку и на пигментот во косата. УВ зраците го забрзуваат оштетувањето на меланоцитите, поради што предниот дел и разделувањето најбрзо стануваат седи. Кремите за сончање, капчињата и производите со УВ филтри се едноставен начин да ја заштитите косата и да ја забавите депигментацијата.

Подобрете ја негата на коса

Бидејќи косата губи меланин, таа станува посува, покршлива и склона кон пукање. Стручните лица препорачуваат да се фокусирате на скалпот: нежни средства за чистење, противвоспалителни состојки, маски за хидратација и производи кои штитат од УВ зрачење. Ваквиот пристап не го враќа пигментот, но го успорува губењето на пигментот и појавата на жолтило кај седата коса.

Одложете го фарбањето на косата

Иако звучи контраинтуитивно, прераното фарбање може да создаде магепсан круг. Агресивните формули дополнително го преоптоваруваат скалпот и поттикнуваат побрза депигментација. Седите влакна не се проблем, туку сигнал на телото дека нешто треба да промените, било тоа да е исхраната, навиките или рутинската нега.

Воведете здрави животни навики

Стресот, недостатокот на сон, пушењето и алкохолот силно влијаат на фоликулите на влакната. Овие навики го зголемуваат оксидативниот стрес и ја забрзуваат депигментацијата. Со здрави навики во исхраната, седите влакна може да се појават, дел од процесот сепак зависи од генетиката и биологијата, но многу лица успеале подолго да го задржат пигментот кога телото не е изложено на постојано внатрешно оптоварување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk