logo
logo
logo

За 37 дена СЕ ОЖЕНИЛ 4 ПАТИ со причина, а причината пресмешна

Vecer | 19.04.2021

За 37 дена СЕ ОЖЕНИЛ 4 ПАТИ со причина, а причината пресмешна

Тајванец смислил генијален план за да добие продолжено платено отсуство од работа! Дошол до идеја да се ожени, а потоа и да се разведе, па постапката ја повторил дури 4 пати.

Целата негова „акција“ траела само 37 дена, со што добил 32 дена платено отсуство.

Според законите на Тајван, едно лице има право на 8 дена платено отсуство кога е во брак, што е точно она што неименуван службеник го добил кога се оженил минатата година, на 6 април.

Тоа било замислено само како почеток на продолжено платено отсуство, за кое јунакот на нашата приказна се подготвувал однапред.

На последниот ден од неговото 8-дневно отсуство, се развел, за следниот ден повторно да се ожени со неа и да побара уште едно платено отсуство, за кое сметал дека има право според законот. Потоа се оженил со истата жена четири пати, и се развел три пати за 37 дена, за вкупно 32 дена платено отсуство!

Но, пред да помислите да повлечете сличен трик, треба да знаете дека работите не оделе толку лесно како што се надевал. Откако се развел, а потоа се оженил со истата жена следниот ден, банката каде што работел сфатила што сака да стори, па одбила да му одобри уште осум дена платено отсуство.

Тој поднел жалба против неговиот работодавач во Градската канцеларија за труд во Тајпеј, обвинувајќи ја банката за кршење на законот со кршење на членот 2 од „Правилата за отсуство од работа“.

Во него се наведува дека вработените имаат право на 8 дена платено отсуство кога ќе стапат во брак, а бидејќи тој се оженил 4 пати, требало да добие 32 дена платено отсуство.

Бирото за труд започнало истрага за случајот и донеле одлука дека банката навистина го прекршила Законот за работни односи. Работодавачот е казнет со 700 долари во октомври, но против човекот е поднесена и жалба, во врска со „намерно злоупотреба на брачно отсуство“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk