logo
logo
logo

Сестрите кои ЈА ЗАГУБИЈА ИМПЕРИЈАТА: Каде се сега ќерките на Маурицио Гучи?

Vecer | 26.11.2021

Сестрите кои ЈА ЗАГУБИЈА ИМПЕРИЈАТА: Каде се сега ќерките на Маурицио Гучи?

Филмот на Ридли Скот „Гучи“ се врти околу Маурицио Гучи и неговата поранешна сопруга Патриша Реџиано. Двајцата се венчаа во 1972 година и ја добија првата ќерка Алесандра во 1977 година, а во меѓувреме, во 1981 година, Патриша ја роди втората ќерка Алегра.

Контроверзноста за убиството ја потресе империјата Гучи и Патриша заврши во затвор. Сепак, малкумина знаат што се случи со нивните ќерки Алесандра и Алегра и каде се тие денес?

Алесандра

Алесандра Гучи е постарата ќерка на Маурицио и Патриша. Родена во 1977 година, таа имаше само 18 години кога нејзиниот татко беше убиен од платен убиец, а тој платен убиец беше ангажиран од нејзината мајка Патриша.

Алесандра беше навистина блиска со нејзината мајка додека растеше и сподели многу посебни моменти.

Сепак, сè тргна надолу кога нејзината мајка беше уапсена. Откако случајот доби голем медиумски простор, Алесандра ги прекина сите врски со нејзината мајка, па дури и со другите членови на семејството Гучи.

Сепак, таа тргна по стапките на нејзиниот татко и дедо и издаде своја колекција на чанти во Германија. Таа ги нарече чантите по нејзиниот дедо и татко, Маурицио.

Во 2014 година беше објавено дека таа, заедно со нејзината сестра е обвинета за затајување данок, но подоцна беше ослободена од сите обвиненија.

Алегра

Помладата ќерка на Маурицио и Патриша, Алегра веруваше дека нејзината мајка не може да го убие нејзиниот татко.

За разлика од нејзиното семејство, Алегра одлучи да се држи настрана од модната индустрија и се запиша на правни науки на Универзитетот во Милано. Таа ја донесе таа одлука откако Патриша беше уапсена за убиството на Маурицио. Ќерките откриле дека однесувањето и заговорот на нивната мајка да ангажира платен убиец да го убие нивниот татко било под големо влијание од тумор на мозокот кој ја променил нејзината личност.

Алегра неодамна даде интервју за странски медиуми во кое откри дека заработува од изнајмување јахти кои ги наследила од нејзиниот татко.

Иако избраа различни патишта, едно нешто им е заедничко на сестрите: ги прекинаа сите врски со Патриша.

Каде се тие сега?

Познато е дека Алесандра Гучи сега е мажена и живее со семејството во Швајцарија. Алегра е исто така мажена. Според пишувањата на медиумите, и двете заработиле богатство откако ги наследиле парите на нивниот татко - за кои се вели дека изнесувале 400 милиони долари.

Тие поседуваат и три имоти од семејството Гучи во Милано, Њујорк и Сент Мориц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk