logo
logo
logo

Сензационално тврдење на австриски новинар: Знам каде е нацистичкото богатство, сакам да копам

Vecer | 03.12.2024

Сензационално тврдење на австриски новинар: Знам каде е нацистичкото богатство, сакам да копам

Сепак, тој се пожали дека „бирократијата го спречува да ја ископа тајната соба“, која, како што тврди, содржи непроценливи уметнички дела, злато и накит, украдени во Унгарија за време на окупацијата, објави Дејли Меил.

Букарт Лист е сигурен дека единиците на СС ја сокриле украдената уметност и вредни предмети длабоко под шумата, недалеку од германското село Дојктариненберг.

Австриски новинар смета дека нацистите донеле најмалку 800 слики, меѓу кои и дела на Клод Моне, Пол Сезан и Ками Писаро, како и злато и накит „вредни милијарди“.

Лист во последните години е на чело на експедиција која бара уметнички дела од познатата колекција на баронот Ференц Хатвани, која беше ограбена за време на окупацијата на Будимпешта.

Тој тврди дека претходно добил документација од архивата на Вермахт која укажува на „масовна испорака“ во два подземни бункери, лоцирани во планинскиот венец Рудна Гора, на границата меѓу Германија и Чешка.

„Записите покажуваат дека зимата 1944-1945 г мистериозен транспорт пристигна од Будимпешта, кој беше шифриран строго доверливо“, додаде тој.

Со дозвола на градоначалникот на Дојктариненберг, Лист инсталирал уреди за геофизички истражувања. На длабочина од 40 метри, тврди тој, пронашол траги кои укажуваат на постоење на „форми направени од човекот“.

 „Не сакам да земам ништо за себе. Знам дека ова им припаѓа на потомците на луѓето кои ги загубија животите“, објасни австрискиот новинар.

Но, локалната самоуправа не дозволила истражувањето да продолжи, бидејќи во непосредна близина е пронајден артефакт од каменото време, па целиот простор е прогласен за археолошки локалитет.

Лист наведува дека поднел жалба на одлуката и се надева дека во блиска иднина ќе може да ги докаже своите тврдења и да му го врати изгубеното нацистичко богатство на светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk