logo
logo
logo

Семејството на Марина Туцаковиќ далo соопштение по повод погребот: “Ќе ја почитуваме нејзината одлука“

Vecer | 20.09.2021

Семејството на Марина Туцаковиќ далo соопштение по повод погребот: “Ќе ја почитуваме нејзината одлука“

Семејството на Марина Туцаковиќ издало сооштение во кое се заблагодаруваат на сите за подршката.

Како што се наведува, желба на Марина била погребот да се одвива во кругот на најблиските од семејството, како и поради епидемиолошката ситуација, не е пожелно да се собират голем број на луѓе.

- Ние загубивме мајка и сопруга, животен сопатник, а не национално богатство. Марина никогаш не сакаше патетика, масовно обележување на нејзината смрт би било против духот по која живееше и работеше. Нејзина желба секогаш беше да биде погребана во семејната гробница, заедно со својот син Милош, а не во Алеја на великани.

Погреб во кругот на најблиските

- Нејзина желба беше погребот да се изврши во кругот на најтесното семејство и пријатели, со присуство на свештеник и опело. Со обзир на епидемиолошката ситуација и со желба да ги заштитиме нашите најблиски од таа страшна болест која на крај ја зема и Марина, сакаме да се простиме од неа без присуство на публика и новинари – навеле сопругот и синот во соопштение и додале, дека сите пријатели и соработници ќе ги испочитуваат после 40 дена, а датумот и времето дополнително ќе бидат објавено.

- Ги почитуваме желбите на Марина, како што ги сакаме нејзините песни, да бидеме одговорни спрема ситуацијата, како што беше таа, и да пуштиме ожалостените да тагуваат во мир – замолиле од семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk