logo
logo
logo

Семејство од САД чувале куче, вкрстено со волк- им го изел бебето

Vecer | 03.12.2023

Семејство од САД чувале куче, вкрстено со волк- им го изел бебето

Животното го изгризало детето, а тоа подоцна починало во болница. Хибридот на волкот бил евтаназиран и однесен во Државната дијагностичка лабораторија на Алабама во Обурн за понатамошно тестирање, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Шелби.

Судскиот советник од округот Шелби, Лина Еванс, рече дека семејството и истражителите ја знаат лозата на кучето и потврдуваат дека имало волк во таа лоза. Меѓународниот центар за волци објави опширно онлајн предупредување против чување такви хибриди во семејните домови.

„Луѓето кои поседуваат вкрстени кучиња често сметаат дека однесувањето на нивните миленици не е предизвик, но бидејќи нивната генетска структура го прави нивното однесување неконзистентно и непредвидливо, тие претставуваат ризици за безбедноста на луѓето“, велат од центарот.

Градоначалникот на Челзи, Тони Пиклесимер, ја потврдил смртта на детето, велејќи дека бебето било убиено од „егзотично семејно милениче“. „Тоа е незамисливо“, рече Пиклесајмер. „Како воопшто го преболуваат?“ се прашува тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk