logo
logo
logo

Село од 2000 луѓе исчезна без трага – се видело само едно светло: Мистеријата која остана нерешена (ФОТО)

Vecer | 20.10.2021

Село од 2000 луѓе исчезна без трага – се видело само едно светло: Мистеријата која остана нерешена (ФОТО)

Во близина на езерото Анјикун во Канада, во 30тите години на минатиот век постоело село кое броело повеќе од 2000 луѓе.

Оние кои поминале низ селото еднаш, честопати се враќале бидејќи се вели дека луѓето биле исклучитело љубезни и гостопримливи. Па така, еден од нив бил и Џо Лабеле кој знаел дека постои ова село па барајќи преноќивалиште за вечерта, решил да се упати кон езерот. Но, кога стигнал до местото, бил шокиран од фактот дека цело село исчезнало. Според Mysterious Facts, тој открил дека таму се уште постоеле оружјата и храната на селаните, но нив ги немало.

Имено, тој бил шокиран кога воочил дека е сам. Забележал дека облеката на жителите била на место, а пиперките се крчкале на шпоретот. Санките пак, биле на сите страни расфрлани.

-Каде и да тргнале луѓето, сигурно тргнале пешки, заклучил тој.

Кружел околу целото село, но не открил ниту една трага во снегот.

Она кое дополнително е за неверување е дека во селото немало ниту едно животно. Па така, Џо решил да појде до локалната пошта, и да испрати телеграма до канадската кралска коњичка полиција. Тие веднаш испратиле неколку офицери да го истражат случајот. Полицијата открила нешто навистина страшно – локалните гробишта биле оскрнавени. Секој леш бил ископан, така да не исчезнале само живите, туку и сите мртви, пренесува shieldsgazette.com.

Понатамошната истрага покажала дека кучињата биле закопани под снегот и дека умреле од глад.

Според многу митови се претпоставува дека деновите кога исчезнале селаните на хоризонтот виделе интезивна, руса, пулсирачка светлост. По неколкуте моменти таа избледела и не се појавила повеќе.

Теоретичарите на заговри често пати нафрлаат можни сценарија за исчезнувањето на ова село, но досега никој не знае што всушност се случило со тие луѓе и зашто никогаш не се вратиле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk