logo
logo
logo

Секоја земја има НЕПИШАНИ ПРАВИЛА: На југот на Италија не се додворувајте, а во Шведска не се туркајте

Vecer | 25.09.2021

Секоја земја има НЕПИШАНИ ПРАВИЛА: На југот на Италија не се додворувајте, а во Шведска не се туркајте

Патувањата се еден од начините меѓу другото и многу да се научи за другите народи и култури и со тоа да се стане духовно побогат. Секако, тоа е најубав начин  да се запознае една земја.

Но пред секое патување не е лошо да се информирате за локалните обичаи, но и непишаните правила со цел да не ги навредите домаќините.

Во Индија се смета за непристојно ако некому кој е постар од вас му се обратите со личното име.

Putovanje, Dijana Kocić

Во скандинавские земји луѓе не сакаат да зборуваат за религија. Тие на верата гледаат како на нешто лично и не сакаат никој да им ја наметнува својата религија, ниту тие го прават тоа.

Жителите на Англија, особено Лондон, не гледаат со одобрување на лицата кои разговараат меѓу себе или на мобилен во градскиот превоз.

Добро размислете пред да и пријдете на девојка на југот од Италија. Локалните момци понекогаш се поставуваат претерано заштитнички, па може лесно да дојде до конфликт.

Не се чудете ако во Јужна Кореја постојано ве прашуваат колку години имате. Таа информација  им е потребна за да знаат како да ви се обраќаат. Во Кореја е нормално луѓето да се туркаат и да не се извинуваат. Во Шведска за тоа сериозно може да ви забележат атоа што не сакаат никој да им влегува во личниот простор.

Ако во ресторан за брза храна во Сингапур видите хартиени хамичиња или некој друг помал предмет на масата тоа значи дека неко ја резервирал и заминал да нарача оброк.

Бразилците зборуваат релативно гласно, па слободно викајте.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk