Според британската канцеларија за национална статистика, 31,8 отсто од живородените деца во 2023 година биле од мајки кои не се родени во Велика Британија, што е благ пораст во однос на 30,3 отсто во 2022 година, пишува порталот Мејл онлајн.
Пред десет години тој процент беше 26,5 отсто, а во 2010 година првпат надмина четвртина (25,1 отсто).
Индија останува најчеста земја на потекло за мајките (3,6 отсто од сите живородени бебиња) и татковците (3,9 отсто) кои не се родени во Велика Британија, а Пакистан сè уште е на второ место.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата